Top Sport

Џерард признава дека уште во глава му е „сопката“ која го чинеше титула (видео)

Стивен Џерард, поранешниот капитен на Ливерпул, нормално би сакал да ги види „црвените“ со титула од Премиер лигата оваа сезона, но признава дека тоа нема да смени ништо и да го спречи да размислува за „излизгувањето“ кое ги чинеше титула во 2014 година.

Популарниот Стиви Џи, кој сега е менаџер на Глазгов Ренџерс, ќе остане во срцата на сите навивачи на Ливерпул, но никој нема да го заборави 27 април 2014 година, кога ја направи најголемата грешка во кариерата и дозволи Челси да постигне гол и тимот од „Енфилд“ пак да остане без титула.

Тогаш, Ливерпул беа на првото место на табелата по низа од 11 победи (вклучувајќи триумф над ривалите за титулата Манчестер сити). Џерард, кој беше капитен, го собра тимот и им даде говор за инспирација со несреќната фраза „да не дозволиме ова да ни избега“. Моментот со Челси дозволи Демба Ба да донесе 1:0 водство за Челси, кои подоцна обезбедија 2:0 победа. Тимот на Брендан Роџерс потоа направи уште една грешка, дозволувајќи 3:0 водство против Кристал палас да се претвори во 3:3 реми и титулата отпатува кај Манчестер сити.

Ливерпул во моментов заостанува еден поен зад Манчестер сити, но ова останува најдобрата шанса да се прекине постот од 29 години и да се стане англиски шампион.

„Раната е отворена по тоа искуство и не верувам дека некогаш ќе се затвори бидејќи не можам да го сменам тоа искуство. Но, тоа не значи дека тоа влијае на тоа што го чувствувам сега. Не полудувам, но во исто време тоа беше голема сезона и трофејот ми избега. Секогаш ќе помислувам што ќе се случеше“, вели Џерард.

Scroll to Top