Top Sport

Олимпија: Измислица е дека Мамиќ ќе го преземе клубот

Фудбалскиот клуб Олимпија од Љубљана претпладнево ја демантираше информацијата што вчера ја објави хрватскиот портал „спорт њуз“ дека контроверзниот бизнисмен Здравко Мамиќ, заедно со партнери од Италија, ќе го преземе клубот.

Мамиќ се наоѓа во бегство во Босна и Херцеговина, бидејќи во Хрватска е осуден на шест и пол години затвор, поради тоа што на нелегален начин од Динамо Загреб, заедно со соработниците извлекол 16 милиони евра.

„Сенационалната „вест“ која е објавена на порталот „спорт њуз“ дека Здравко Мамиќ ќе ја преземе Олимпија спаѓа во категорија на „лажни вести“. Сите тврдења во текстот се невистините и пласирани се само за да привлечат медиумско внимание. Поради тоа немаме намера серизно да ги коментираме ваквите пишувања.

Разбирливо е дека случувањата во Олимпија се интересни и за креаторите на разни медиумски измислици, но таквите измислици би требало да содржат барем малку вистина, која ја нема во споменатиот текст.

Сите релевантни информации поврзани со делувањето на Олимпија и со иднината на клубот на јавноста ќе и бидат проследени преку официјалните канали“, се наведува во клупското соопштение.

Сопственик на Олимпија е Милан Мандариќ.

Scroll to Top