Top Sport

Рајола: Погба? Ништо не се случува

Познатиот фудбалски менаџер Мино Рајола открил дека до него не пристигнала никаква понуда за Пол Погба. Рајола ги застапува интересите на фудбалерот на Манчестер Јунајтед. Медиумите веќе неколку недели шпекулираат дека за Погба се интересираат Јувентус и Реал Мадрид.

Рајола се наоѓа во Торино, каде за неколку часа еден негов друг клиент, Матијас Де Лихт, треба да го официјализира трансферот во Јувентус.

Новинарите ја искористиле можноста да го прашаат за статусот на Погба.

„Ништо не се случува. Никој не ми пишал. Но работите можат да се сменат за еден ден“, рекол Рајола.

Некаде во исто време новинарите ја пласираа и изјавата на менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, дека Погба е играч околу кого треба да се гради тимот.

Scroll to Top