Македонскиот репрезентативец, Димитар Митровски го официјализира трансферот во Олимпија. Митровски во Љубљана пристигна од хрватскиот прволигаш Вараждин. Трансферот на Митровски е рекорден за фудбалот во Словенија, Олимпија за напаѓачот плати еден милион евра.
26-годишниот Митровски постигна осум гола на 28 лигашки натпревари во сезоната 2024/25 и одигра важна улога во историскиот пласман на Вараждин во Конференциската лига. На крајот од сезоната, Митровски беше избран во идеалниот тим на сезоната во хрватскиот шампионат.
За две и пол сезони, тој одигра 71 натпревар за Вараждин и постигна 13 гола.
Својата фудбалска кариера ја започна во Скопје, во Работнички, а на 16-годишна возраст замина во странство. Во 2015 година се пресели во Германија. Таму беше дел од јуниорските тимови на Ханза Росток и Магдебург. Една година подоцна, се пресели во Спортинг, каде што играше за младинскиот тим во 2017 година, а потоа и за резервниот тим на Спортинг Б.
Потоа Митровски играше за АП Брера, пред да се пресели во Вараждин.
За репрезентацијата на Македонија досега има осум настапи.