Раководството на фудбалскиот клуб Олимпијакос предводено од контроверзниот сопственик Вангелис Маринакис планира да се откаже од голем број играчи кои ги доведоа ова лето.
Самиот крај на летниот преоден рок беше многу возбудлив на „Караискакис“ бидејќи Олимијакос ги потпиша Марсело и Џејмс Родригез. Покрај нив во Пиреја дојдоа
Со нив се појавија уште неколку имиња како Шиме Врсаљко, Конрад де ла Фуенте, Седрик Бакаму и други.
Добар дел од нив од зима повеќе нема да го носат црвено-белиот дрес на клубот од Пиреја, пишуваат грчките медиуми. Имено, Олимпијакос планира да ја прекине соработката со Де ла Фуенте, Марсело, Пјер Кунде, Папе Сисе, Абубакар Камара, Уи-Јо Хванг и Врсаљко.
Резултатите што ги има тимот на тренерот Мичел не се во склад со инвестициите. Споменатите играчи не ги оправдаа очекувањата и порди тоа клубот ќе ги раскине нивните договори.