Top Sport

Олимпијакос сака да го доведе Енис Барди

Грчкиот клуб Олимпијакос сака да го доведе македонскиот репрезентативец Енис Барди во своите редови, но понудата и не е така примамлива за одличниот играч за врска. Тој би требалo да се сложи на двојно намалување на платата, доколку потпише за Олимпијакос.

Според информациите од Грција, Олимпијакос на Енис Барди му нуди годишна плата од 700.000 евра, а тоа е двојно помалку од неговата сегашна плата во Леванте.

Покрај ова, ппанскиот клуб би добил 3 милиони евра отштета. Леванте лани испадна од Ла Лига и во новата сезона ќе настапува во Сегунда Дивизион во Шпанија.

Scroll to Top