Дани Олмо, ѕвездата на РБ Лајпциг, признава дека осминафиналето на Шпанија против Хрватска ќе биде многу посебно за него, бидејќи поголемиот дел од својата професионална кариера ја помина токму во Хрватска.
23-годишниот Олмо од својата 16-та година пристигна во Динамо Загреб од академијата на Барселона, за пред две години да биде продаден за 22 милиони евра, како трет најскап трансфер на „модрите“.
„Голем и посебен натпревар“, напиша Олмо на Инстаграм во фотографија на која го носи шпанскиот дрес, но во рацете ги држи дресовите на Динамо и на Хрватска.