Top Sport

Олмо се збугуваше со Лајпциг, следна станица Барселона

Шпанскиот репрезентативец Дани Олмо се прости од својот клуб Лајпциг пред претстојниот трансфер во Барселона.

Олмо ги воодушеви фудбалските фанови на последното Европско првенство во Германија.

Играчот од средниот ред одигра клучна улога откако доби шанса во нокаут фазата на местото на повредениот иден соиграч Педри и со својата игра, создавање шанси и постигнување голови имаше големо влијание врз походот на Шпанија кон шампионската титула.

Олмо е член на Лајпциг од почетокот на 2020 година, кога пристигна од Динамо Загреб за 29 милиони евра. Дани одигра 148 натпревари за клубот Ред Бул Арена, постигна 29 гола и забележа 38 асистенции.

Бундеслигашот ќе добие 55 милиони евра од Барса и бонуси до седум милиони, а Олмо ќе потпише договор на шест години. Ситуацијата внимателно ја следат и во Загреб, бидејќи Динамо ќе добие 20 отсто од транферот.

Scroll to Top