Top Sport

Омар Абдулрахман е најскапиот позајмен фудбалер на светот!

Играчот од средниот ред на репрезентацијата на Обединетите Арапски Емирати, Омар Абдулрахман стана најскапиот позајмен фудбалер на светот, откако го комплетираше трансферот од Ал Аин во Ал Хилал.

26-годишниот Абрулрахман беше пречекан од стотина навивачи на саудискиот фудбалски клуб Ал Хилал во средата, откако во текот на вечерта двата клуба се договорија за трансфер. Абдулрахман освои четири титули со Ал Аин во првенството на ОАЕ по дебито во 2009 година има уште тригодишен договор со клубот, така што ќе игра во Саудиска Арабија за фантастична сума од 14 милиони евра.

Ал Хилал покрај Абдулрахман има многу засилен тим во новата сезона – го ангажираа поранешниот тренер на Спортинг Лисабон, Жорге Жесус, а нови засилувања се и перуанскиот напаѓач Андре Кариљо и шпанскиот дефанзивец Алберто Ботија.

Scroll to Top