Top Sport

Филип Лазаров му се приклучи на Јоновски во Ратингер

Македонскиот репрезентативец Филип Лазаров е нов ракометар на германскиот четвртолигаш СГ Ратингер Левен по потпишувањето на тригодишниот договор и таму ќе биде колега со уште еден македонски репрезентативец Ацо Јоновски.

33-годишниот поранешен ракометар на Металург, Пелистер и Вардар во Германија пристигнува од турскиот Бешикташ со кого одигра една сезона.

„Ми се допаѓа визијата на клубот и фантастичната организираност, и изборот не беше тежок. Сигурен сум дека со моето семејство ќе имам добар прием во Ратингер“, изјави Лазаров за официјалниот веб-сајт на клубот, признавајќи дека убедувањето на Јоновски имало улога во неговата одлука.

Тренерот на клубот, Бастијан Шлиркамп вели дека пресреќен со засилувањето.

„За нас е чест ракометар од светска класа како Филип да избере да игра за нашиот клуб. Веќе му посакавме добредојде“, вели Шлиркамп.

Scroll to Top