Top Sport

Осимен го „одјави“ Наполи

Виктор Осимен е многу лут на Наполи, по двете видеа на Тик-Ток на официјалниот профил на клубот каде што го исмеваа за промашениот пенал, но и за неговиот физички изглед.

Затоа Нигериецот од својот Инстаграм ги избриша речиси сите фотографии во дресот на Наполи. Остана само слика од натпреварот против Фросиноне на 19 август.

Неговиот менаџер веќе најави тужба против клубот, а се може да заврши со заминување на Осимен од редовите на шампионот на Италија. Нигериецот како најдобар стрелец имаше неизмерен придонес во освојувањето на титулата, прва пауза од 33 години.

Осимен вреди околу 120 милиони евра, а со Наполи има договор до 2025 година. Наполитанците во изминатиот преоден рок ги одбија сите понуди за него.

Foto/ EPA

Scroll to Top