Интер е еден од најактивните клубови ова лето. Веројатно така ќе биде до крајот на преодниот рок. Неколку играчи се поврзуваат со овој клуб, а исто така неколкумина ќе заминат доколју Интер за нив добие добри понуди.
Извршниот директор на клубот Бепе Марота ги откри плановите на Интер.
„Да, точно е, се обидуваме да ги доведеме Ромелу Лукаку и Паоло Дибала. Но, се ќе зависи од финансиите. И Бремер е играчот кој го сакаме. И можам да потврдам дека потпишавме договори со голманот Андре Онана и Хенрик Мхитарјан како слободни играчи. Двата договори се склучени“, изјавил Марота.
Кога се во прашање излезните трансфери, најчесто со заминување од „Џузепе Меаца“ се поврзуваат Дензел Дамфрис и Милан Шкринијар.