Манчестер јунајтед планира во зимскиот преоден рок да го ангажира голманот на Порто и португалската фудбалска репрезентација, Диого Кошта, пренесува португалската „А Бола“.
Манчестер јунајтед се откажа од шпанскиот голман Давид де Хеа на крајот од минатата сезона. Клубот од „Олд Трафорд“ во текот на летото му плати 50 милиони евра на Интер за камерунскиот голман Андреа Онана.
Сепак, Онана не ги оправда очекувањата, а Тен Хаг во договор со челниците на клубот реши да побара друго решение на пазарот.
Португалските медиуми потсетуваат дека Манчестер јунајтед сакаше да го ангажира Кошта во текот на летото, но Тен Хаг на крајот се реши за Онана, кој беше главниот виновник за неколку порази на неговиот тим оваа сезона.
Кошта (24) има договор со Порто до јуни 2027 година, а отштетата за него е 75 милиони евра.