Голманот на Ајакс Андре Онана изразил желба да го напушти клубот од Амстердам во претстојниот преоден рок.
„Ова беа сјајни пет години, сега сакам да направам чекор напред во кариерата. Закажавме состанок. е уште не знам што ќе се случи, но моите желби и амбиции се јасни“, рекол Онана.
Нигериецот е продукт на школата на Барселона, Ла Масија. Каталонците се заинтересирани за него, но таму неприкосновен на голот е Тер Штеген, а Онана не сака да биде резерва.
Покрај Барселона заинтересирани клубови за Онана се Интер, Севилја и Челси.