Андре Онана се прости од своите поранешни соиграчи во Интер и се очекува вечерва да одлета за Англија. Камерунецот утрово се појави во базата на „нероаѕурите“, а околу 11 часот си заминал. Сѐ е договорено за негов трансфер во англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед.
Синоќа стана јасно дека двата клуба постигнале целосен договор за сите точки. Манчестер Јунајтед на Интер ќе му плати 51 милион евра, плус дополнителни 4 милиони преку бонуси.
Андре Онана треба да потпише петгодишен договор со „црвените ѓаволи“, со опција за уште една дополнителна година.
Се чини дека најрано утре ќе дојде и официјалната потврда од двата клуба.