Top Sport

Онана со емотивно простување со навивачите на Интер, потпиша за Јунајтед

Камерунскиот голман, Андре Онана се прости со навивачите на Интер преку социјалните мрежи пред неговиот трансфер од 55 милиони евра во Манчестер јунајтед, иако помина само една сезона кај „нераѕурите“.

„Никогаш не помислував дека едно збогување ќе биде толку тешко. Пред една година станав ‘нераѕуро’, и многумина ми велеа дека овој клуб и овој град се нешто посебно. Сега, можам да го потврдадм тоа. Веднаш сфатив дека ова е семејсво и дека да си интерист е начин на кој го разбираш животот. Се заљубив со ‘Сан Сиро’, ‘Ла курва’ и градот. Сега, условите се вистински да почнам нов пат во Манчестер со голем ентузијазам. Вечна благодарност до сите интеристи, вие го правите овој клуб голем. Можеби еден ден нашите патишта ќе се вкрстат, сега е време да навивам за вас од далеку. Играчите доаѓаат и си одат, но клубовите остануваат и Интер е над сите“, напиша Онана.

Голманот веќе ги помина медицинските тестови и замина за САД, каде што Јунајтед се подготвуваат за мечот со Арсенал на 22 јули.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by André Onana (@andreonana.24)

Scroll to Top