Унион Берлин вчера стигна до 3:0 победа над Макаби Хаифа во меч од Конференциската лига на УЕФА, но резултатот падна во сенка откако дел од навивачите на бундеслигашот извикувала кон навивачите на израелскиот клуб „Scheiß Juden“ (Еврејски гомна).
На трибините имаше 23 илјади навивачи, меѓу кои и 1.000 навивачи на Макаби. Покрај овој инцидент, навивачите на Унион наводно се обиделе да го запалат израелското знаме, а скандирале и за поддршка на Палестина.
Иронично, натпреварот се играше на стадионот кој е изградел во 1936 година од власта на Адолф Хитлер за Олимписките игри. Управата на Унион ги осуди инцидентите и побара полицијата да отвори истрага.
In Berlin where Union played Maccabi Haifa in the #UECL eye witnesses were shocked by the levels of antisemitism.
This man made nazi salutes towards the Maccabi fans and abused those who called him out. pic.twitter.com/ZmPXS5RbCg
— Fare (@farenet) October 1, 2021