Кристијано Роналдо, синоќа ја доби наградата за МВП во Серија А за минатата сезона. Церемонијата што се одржа во Милано му даде совршено оправдување на Португалецот да не оди во Париз каде Меси ја доби Златната топка.
И покрај тоа што бил в Милано, италијанските новинари неговото однесување го нарекуваат „скандалозно“.
Танкреди Палмиери дописникот на „beIN Sports“ и „CNN“, открива како се однесувал Португалецот.
„Цело време Роналдо седеше во автомобилот пред салата, во која влезе кога му јавија дека ја добил наградата. Тогаш следен од неговото лично обезбедување влезе во салата, а луѓето од обезбедувањето ги оневозможија камерите да го снимат неговото влегување“, пишува Палмиери.
Роналдо откако ја примил наградата со крајот говор изразил благодарност, а потоа веднаш ја напушти салата и заминал за Торино. Не останал како и сите други лауреати до крајот на свеченоста.
Според италијанските медиуми тој тоа го направил за да ги избегне новинарските прашања околу Златната топка, која лани ја освои Лука Модриќ, а годинава Лионел Меси.