Top Sport

Спектакуларни ножички на Зе Луис (Видео)

Фудбалерот на Порто Зе Луис постигна еден од најубавите голови оваа сезона. Мрежата на Пакош Фереира напаѓачот од Зеленортските острови ја погоди со ножички.

Зе Луис во 76 минута најпрвин на градите го прифати центаршутот на Алекс Телеш, а потоа со ножички го совлада противничкиот голман.

Зе Луис е втор стрелец во првенството на Португалија заедно со Карлос Винисиус од Бенфика.

Порто се втори во Португалија по 12 кола со два бода помалку од Бенфика.

Scroll to Top