Top Sport

Опоравувањето од повредата оди лошо за Мануел Ноер

Голманот на Баерн Минхен, Мануел Ноер имал проблеми со рехабилитацијата по скршената нога која ја доби на скијње во декември по елиминацијата од Светското првенство во Катар, јавува „Скај спорт Германија“.

37-годишниот Ноер е во аут од декември, пропуштајќи 25 меча за Баерн Минхен во вториот дел од сезоната, но се очекуваше дека ќе биде подготвен пред стартот на летните тренинзи. Сепак, сега е нејасно дали тој ќе биде подготвен да биде дел од тимот кој ќе оди на турнеја во Азија, бидејќи снимките покажале дека залечувањето на коската не е целосно успешно.

Баерн му беа лути на својот капитен за одлуката да оди на скијање без да добие дозвола од клубот, сметајќи ја оваа рекреација како намерно ставање во ризични ситуации.

Scroll to Top