Top Sport

Организаторот ја промовира химната на Светското првенство (Видео)

Три недели останаа до почетокот на Светското првенство во фудбал, а организаторите на еден од најголемите настани во светот на спортот, ја промовираа химната на мундијалот.

Химната е наречена „Live it up“, а изведувачи се Ники Џем, Ера Истефи и холивудската ѕвезда Вил Смит.

Тие ќе се појават во Москва на 15.јули, кога ќе се одигра финалниот меч.

„Голема чест за мене е што сум меѓу оние што ќе ја пеат химната на Светското првенство. Ова е глобален настан, привлекува уѓе од сите страни на светот. Соработката со Ники и Ера, претставува хармонија и збир на различни жанрови. На крајот на денот, само сакаме да го видиме светот како танцува“, рекол актерот и пејач, Вил Смит.

Scroll to Top