Top Sport

Организаторот на летот на Сала осуден на 18 месеци затвор

Дејвид Хендерсон, британскиот бизнисмен кој го организираше летот во кој загина аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала, беше осуден на 18 месеци затвор во судот во Кардиф во петокот.

67-годишниот Хендерсон беше обвинет дека не ги следел безбедносните протоколи со што ја предизвикал смртта на 28-годишниот Сала и пилотот Дејвид Иботсон кога нивниот авион падна во Ла Манш при летот од Нант до Кардиф во јануари 2019 година.

Телото на Сала, кој потпиша за Кардиф сити во трансфер вреден 15 милиони фунти беше пронајдено месец дена по падот на авионот, додека телото на Иботсон уште не е пронајдено. Пилотот Иботсон, кој редовно работел за Хендерсон, немал лиценца за комерцијални летови, ниту бил квалификуван за ноќно летање.

Scroll to Top