Top Sport

Ориги го задржа Ливерпул во шампионската трка (Видео)

Ливерпул го доби трилерот во Њукасл 3.2 се искачи на челната позиција во Премиер лигата. „Црвените“ се во плус од два бода 94/92 во однос на Манчестер сити, но имаат и натпревар повеќе. Мечот во Њукасл го обележа повредата на Мохамед Салах кој на носилки беше изнесен од теренот.

Исклучително квалитетниот и драматичен меч го реши Белгиецот Дивок Ориги во 86 минута, кога го постави конечниот резултат 2:3.

Претходно Ливерпул два пати водеше со головите на Ван Дајк во 13 и Салах во 28 минута, но Њукасл два пати успеваше да израмни преку Атсу во 20 и Рондон во 54 минута.

foto/epa

Scroll to Top