Кристијано Роналдо предизвика бура кога во интервју за шпанскиот канал „Ла Секста“ изјави дека е „најдобриот фудбалер на светот на сите времиња“.
„Оригиналниот“ Роналдо, одговори на ова прашање во интервју за ESPN. „феномено“ не го дели мислењето на Португалецот.
„Кристијано Роналдо имаше фантастична кариера, освои речиси се, постигна голови на секој можен начин. Тој сигурно е еден од најдобрите фудбалери во светот на сите времиња. Го почитувам неговото мислење, но не се согласувам дека е најдобар. Би рекол дека лесно може да биде меѓу првите десет“, вели легендарниот Бразилец.
Роналдо ги наброја десетте најдобри фудбалери на сите времиња.
„Пеле е на првото место, без сомнение. Потоа доаѓаат Меси и Марадона, изедначени. Следат Зико, Ромарио, Кристијано Роналдо, Ван Бастен, Зидан, Фиго, Ривалдо, Роналдињо… Цела плејада играчи. На тој список има многу ѕвезди, можеби некого ќе заборавам. Секој пат кога некој ќе ме праша да ја направам оваа листа, јас го правам тоа поинаку. Само првите три се секогаш исти.
На прашањето дали Нејмар е на тој список, „Феномено“ одговори:
„Нејмар е одличен играч. Му недостига трофеј од Светското првенство, но ги освои Олимписките игри и речиси сè друго. Тој е во Топ 10“, заклучи Роналдо.