Динамо Загреб го продаде Мислав Оршиќ во Саутемптон. Најдобриот европски стрелец во историјата на Динамо е на лекарски прегледи, по што ќе потпише договор со последниот пласираниот тим во Премиер лигата.
Англичаните на Динамо ќе му платат шест милиони евра и уште два милиони преку бонуси, од кои најголем е Саутемптон да остане во лигата.
Оршиќ имаше годишна плата од 1,2 милиони евра во Динамо и за очекување во Саутемптон да заработува барем двојно повеќе.
Најплатениот играч на клубот Џејмс Вард-Проус заработува 5,9 милиони евра по сезона, а само седум играчи на Саутемптон заработуваат помалку од 1,2 милиони евра по сезона.
Следниот натпревар на Саутемптон е в сабота во ФА Купот против Кристал Палас, а четири дена подоцна во Лига купот против Манчестер Сити. Првиот нареден лигашки натпревар е на 14. јануари на гости кај Евертон.