Осасуна забележа минимална победа над Еспањол (1:0) во првиот меч од неделната програма во Ла Лига. Роберто Торес го постигна единствениот гол н мечот од пенал во 51 минута.
Осасуна и Еспањол одиграа тврд натпревар, во кој домашниот тим повеќе ја имаше топката во своите нозе. Првото полувреме беше под сите стандарди на Ла Лига, додека голот постигнат во раната фаза од второто полувреме придонесе овој дел од играта да биде многу подобар особено периодот од 52 до 69 минута.
Клучниот момент на натпреварот се случи во 51 минута кога Виктор Санчез играше со рака пред својот гол, а пеналот го реализираше Робетро Торес.
За Осасуна две добри шанси во вториот дел не реализираше Енрик, додека Рубен со две добри одбрани против Дардер и Лопез ја спаси победата за својот тим.
Еспањол мечот го заврши со играч помалку. Во 83 минута вториот жолт картон го доби голманот Диего Лопез.
Осасуна со овие три бода има 34 и се наоѓа на 11 место, додека Еспањол е закован за дното со само 20 поени.