Top Sport

Коронавирусот ги затвори стадионите и салите во Бугарија и Романија

Владата на Бугарија, поради коронавирусот, ги забрани сите јавни собири, меѓу кои се и спортските натпревари. Иста одлука донесе и владата на Романија.

„Нема место за паника, но не сакаме да дозволиме 400 или 500 луѓе да бидат два до три часа во затворен простор. Тогаш ризикот е голем“ рекол министерот за култура на Бугарија Боил Банов.

„Доколку светот тргне во оваа насока убеден сум дека ќе бидат одложени и Олимписките игри“, рекол премиерот Бојко Борисов.

Случаи на заболени од коронавирусот досега пријавиле повеќе од 100 држави.

Scroll to Top