Top Sport

Осасуна ќе ја обжали победата на Барселона – Иниго Мартинез немал право на настап

Барселона ја совлада Осасуна со 3:0 и се искачи на првото место на десет кола до крајот на шампионатот, со три бода повеќе од актуелниот шампион Реал.

Победата до која Барселона дојде рутински, откако постигна два гола во првите 20 минути ќе биде оспорена од Осасуна, пишуваат сите шпански медиуми. Радио станицата „Кадена Копе“, откри дека Осасуна размислува за жалба бидејќи постои сомнеж дека Барселона го прекршила правилото на ФИФА за задолжителен одмор на играчите откако ќе се откажат од националниот тим поради повреда.

„Адвокатите на Осасуна размислуваат да го оспорат натпреварот и неговиот резултат поради недозволениот настап на Иниго Мартинез за Барселона. Осасуна се повикува на членот 5 на ФИФА. Во него се наведува дека кога играчот ќе го напушти националниот тим поради повреда, тој може да не игра за клубот додека не поминат пет дена од последниот натпревар на репрезентацијата“, пишуваат Шпанците и додаваат: „Шпанија играше со Холандија во Лигата на нации во неделата, тоа значи дека до мечот со Осасуна помале четири, а не пет дена. Осасуна сега истражува дали Мартинез ја напушти репрезентацијата на негово барање илилекарите на репрезентацијата го испратиле дома. Тоа е клучно“.

Мартинез не настапи за Шпанија против Холандија поради повредата што ја заработи против Атлетико.

„Иниго Мартинез е повлечен од репрезентацијата на Шпанија поради повреда на коленото, која ја пријави Барселона. На негово место селекторот Луис де ла Фуенте го повика Дин Хујсен од Бурнмут“, соопшти шпанската фудбалска федерација пред натпреварите на националниот тим.

Мартинез остана во Барселона за да ја лекува повредата. Тој почна да тренира во понеделник, ден по репрезентативниот натпревар. Три дена подоцна играше за Барселона против Осасуна како стартер.

Scroll to Top