Top Sport

Осасуна со шок за Севилја во меч полн со пресврти на „Рамон Санчез Писхуан“

Последниот неделен меч од 23. коло во шпанската Ла лига ни донесе вистинско гол-шоу и нова изненадувачка победа на мотивираната Осасуна кај Севилја од 2:3.

Давид Гарсија ги донесе гостите од Баскија во водство по 18 минути игра, а само четири минути подоцна им беше поништен уште еден гол поради минимален офсајд. Севилја, која имаше катастрофален старт на сезоната, но излезе од зоната за испаѓање по добрата низа резултати, израмни во 63. минута од мечот преку Никола Гудељ, но само пет минути подоцна Осасуна пак беше во водство со автоголот на Фернандо.

Јусеф Ен Несири во 77. минута од мечот повторно израмни, пред неговиот марокански сонародник, 21-годишниот Ез Абде (инаку на позајмица во Осасуна од Барселона) во 85. минута да постигне одличен гол за нов пресврт и 2:3 за Осасуна.

По прекинот на лошата серија, Осасуна е на седмото место на табелата со 33 поени, еден помалку од Рајо Валјекано, додека Севилја е на 14. место со 25 поени.

Scroll to Top