Top Sport

Осимен: Елмас е добро момче, голем човек

Најдобриот стрелец во Серија А, Ниегериецот од Наполи, Виктор Осимен, во суперлативи зборуваше за македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас.

Напаѓачот на лидерот во Серија А, откри дека на иницијатива на Елмас, тој и останатите играчи на Наполи ги ставиле дресовите на акција, со цел да соберат парични средства за настраданите во катастрофалниот земјотрес во Турција.

„Елмас е добро момче, голем човек. Тоа што го направи е извонредно. Влезе во соблекувалната, разговаравме за ситуацијата во Турција, а тој се понуди да помогне. Елиф играше во Турција, сите ние веднаш ја прифативме идејата, веднаш дадовме поддршка. Навистина направи добра работа. Би сакал да им изразам сочувство на сите кои ги загубија најблиските во катастрофата, моите мисли се со нив“, рече Осимен.

Scroll to Top