Напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен ја одбил понудата на Ал Хилал од Саудиска Арабија. Осимен одбилнеделан плата од нешто повеќе од еден милион евра, пренесуваат италијанските медиуми.
Нигериецот реши да остане во Наполи и покрај бројните понуди од Европа и Саудиска Арабија: Со наполитамците минатата сезона ја освои титулата во Серија А и беше еден од најзаслужените за тој успех.
Осимен има договор со Наполи до јуни 2025 година. Исто така, се наведува дека претходните денови тој и неговите менаџери се сретнале со претседателот на клубот од Неапол, Аурелио де Лаурентис, а главна тема на разговорот била клаузулата во договорот за висината на обештетувањето за него.
Наполи бара отштета од 150 милиони евра, а Осимен и неговите менаџери 40 милиони евра помалку.
Нигериецот минатата сезона беше најдобар стрелец во Серија А со 26 гола.