Откако во четвртокот ја обезбедија шампионската титула во Удине, фудбалерите на Наполи ја победија Фиорентина со 1:0 во 34. коло од Серија А на распродадениот стадион „Диего Армандо Марадона“ пред 55.000 гледачи.
Прашањето на победникот го реши голот на Нигериецот Виктор Осимен од пенал во 74. минута.
Тоа беше негов 47. гол во Серија А, со што стана најефеказниот африкански фудбалер во италијанското првенство. На вечната листа, Осимен, го престигна легендарниот Џорџ Веа.
Прославата на навивачите на Наполи започна на 4 мај во 22:37 часот и ќе трае уште долго. На улиците на Неапол, знамињата на Наполи се веат на речиси секоја куќа, а по 33 години чекање, Наполитанците го живеат својот сон.