Напаѓачите на Наполи и Интер, Виктор Осимен и Лаутаро Мартинез се двајцата најскапи играчи во Серија А на крајот од 2023 година.
Ова го објави веб-страницата „Фудбал Италија“, која одлучи да го „сумира“ учинокот на играчите и да направи споредба со цените на специјализираниот портал за фудбалски трансфери „Трансфермаркт“.
Цената на Осимен и Мартинез е убедливо највисока на Апенините, бидејќи моментално се проценети на 110 милиони евра.
Лаутаро Мартинез моментално е водечки стрелец во Серија А со 15 голови, додека Осимен минатата сезона ја освои титулата најдобар стрелец во лигата.
Нигериецот неодамна потпиша нов договор со Наполи, во договорот има откупна клаузула вредна 130-140 милиони евра. Што се однесува до Аргентинецот, тој наскоро би требало да потпише и нов договор со Интер.
На третата позиција е крилниот напаѓач на Милан, Рафаел Леао. Неговата вредност се проценува на 90 милиони евра.
Меѓу првите десет се и Хвича Кварацкелија (80 милиони), Николо Барела (75 милиони), Алесандро Бастони и Душан Влаховиќ (60 милиони), Маркус Турам и Тео Хернандез (55 милиони), Федерико Киеза, Глеисон Бремер и Федерико Димарко (50 милиони).