Top Sport

Осимен има повеќе фрактури на лицето, утре на операција

Напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен има повеќе фрактури на лицето и од клубот потврдија дека утре ќе оди на операција и ќе отсуствува подолго време од терените.

Нигерискиот репрезентативец се судри со Милан Шкринијар при 3:2 поразот во неделата, добивајќи повеќе фрактури на очната орбита и на левата јаболчница, по што веднаш беше однесе во болница во Милано. Тој ќе се врати во Неапол вечерва и ќе остане под лекарска помош пред утрешната операција.

„Виктор Осимен утре ќе оди на операција кај професорот Џанпаоло Тартаро, кому ќе му помага докторот на клубот, Рафаел Канонико. Форца Виктор“, велат од Наполи.

Scroll to Top