Top Sport

Осимен ја загубил „среќната“ заштитна маска

Напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен, еден од најдобрите фудбалери на италијанскиот клуб оваа сезона, наводно останал без препознатливата заштитна маска за лицето, губејќи ја додека играл со Нигерија за време на интернационалната пауза.

Според „Калчомеркато“ 24-годишниот Осимен по двата квалификациски мечеви за Африканскиот куп на нации против Гвинеја-Бисау се враќа во Италија без „скапоцениот“ багаж и јаболчната коска на лицето. Тој почна да ја носи маската кога се врати на фудбалот во јануари 2022, и иако веќе одамна не му е потребна, продолжи да ја носи поради суеверие, сметајќи дека му носи среќа.

Ортопедите кои ја произвеле маската, ќе му набават замена, а бидејќи тој е повреден и ќе отсуствува една-две недели од терените, таа ќе му биде подготвена кога ќе го направи камбекот.

Scroll to Top