Top Sport

Осимен ќе отсуствува подолго од планираното

Фудбалерот на Наполи, Виктор Осимен ќе отсуствува од терените најмалку уште еден месец поради повреда на тетивата, објавија денеска италијанските медиуми.

Осимен заработи повреда играјќи за Нигерија на пријателскиот натпревар против Саудиска Арабија на 13 октомври, поради што мораше да ги пропушти натпреварите против Верона и Унион Берлин.

Како што пренесува „Тутомеркато“, 24-годишниот напаѓач ќе биде подложен на нови прегледи во ноември, за време на репрезентативната пауза.

Според моменталната ситуација, Осимен најверојатно нема да се опорави навреме за натпреварот против Аталанта на 25 ноември. Клубот не сака да ризикува и да го врати играчот на теренот недоволно закрепнат, па се очекува Осимен да паузира најмалку уште еден месец.

Тој постигна шест гола во неговите први осум натпревари во Серија А оваа сезона.

Scroll to Top