Top Sport

Осимен неизвесен за првиот меч со Милан во ЛШ

Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети изјави дека се внимателни со Виктор Осимен, во пресрет на четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите со Милан. Најдобриот стрелец на лидерот во Серија А ги пропушти последните два натпревари поради повреда.

Спалети е не е сигурен дека Осимхен ќе игра на првиот натпревар против Милан во Лигата на шампионите.

Осимен го повреди мускулот настапувајќи за Нигерија.

„Осимен е фудбалер кој сака да игра на секој натпревар. Тука ништо не е спорно, но поради неговата желба лекарите, мојот персонал и јас мораме да бидеме многу внимателни со него. Да играше против Лече, ќе ризикуваше да ја влоши повредата. Моравме да му дадеме уште малку време за опоравување. По повредата имаше само лесни тренинзи. Треба да видиме како ќе реагира на поголеми напори“, изјави Спалети.

Осимен со 21 гол е најдобар стрелец оваа сезона во Серија А. Наполи се лидери на табелата и само е прашање на време кога и официјално ќе ја освојат титулата. Екипата на Спалети има големи амбиции и во Лигата на шампионите.

Првиот натпревар четврфинален натпревар се игра во среда на 12 април во Милано.

Scroll to Top