Нигериската ѕвезда на Наполи, Виктор Осимен инсистира дека е фокусиран на својот клуб, но додава дека „секој фудбалер“ сонува да игра во англиската Премиерлига, по шпекулациите кои ги поврзуваа со Челси и Манчестер јунајтед.
„Мислам дека сите фудбалери имаат амбиција да играат во Премиерлигата. Којзнае, можеби еден ден ќе бидам таму. Но, во моментов, можам да ви кажам дека не размислувам на такво нешто. Тоа би ми пречело во оваа прекрасна сезона. Само Наполи. Тоа е се во моментов“, вели Осимен во интервју за „Кориере дела сера“.
Осимен има 19 гола во 20 настапи оваа сезона, а исто така е во серија од осум меча со постигнат гол, со што е на само три од рекордот на Габриел Батистута кој даваше голови 11 меча во низа за Фиорентина во 1994/95.