Top Sport

Браќата Адетокумбо стана акционери на фудбалскиот клуб Нешвил СЦ

Ѕвездата на Милвоки бакс, Јанис Адетокумбо, неговите тројца браќа Танасис (кој исто игра во Милвоки), Костас (кој игра во Турција) и Алекс (кој игра во Г-лигата), заедно со НХЛ ѕвездата Филип Форсберг од Нешвил предаторс, станаа акционери во фудбалскиот клуб, Нешвил СЦ кој игра во МЛС лигата.

Тие не се први НБА ѕвезди кои имаат акции во МЛС клубови – Кевин Дурент во 2020 купи 5 отсто од Филаделфија јунион, Џејмс Харден има 5 отсто од Хјустон динамо, додека Леброн Џејмс е дел од сопственичката структура на Ливерпул. Во Нешвил СЦ, пак, делумни сопственици се и актерката Рис Видерспун и нејзиниот сопруг Џим Тот.

„Мојот татко беше фудбалер и тоа беше првиот спорт во кој се заљубив во Грциј. Секогаш сонував да бидам сопственик на фудбалски клуб, а Нешвил беше одличен проект“, изјави Јанис Адетокумбо.

Таткото на браќата, Чарлс Адетокумбо играше како професионален фудбалер во Нигерија и Грција, додека нивниот најстар брат, Френсис Адетокумбо, исто така играше професионално фудбал во Грција.

Scroll to Top