Top Sport

Осимен со нов гол, Наполи со совршени шест победи во шест меча

Наполи продолжи со совршениот старт на сезоната во Серија А, забележувајќи ја шестата победа во шестиот меч, триумфирајќи со 2:0 над Каљари, а нигерискиот напаѓач Виктор Осимен го постигна својот шести гол оваа сезона за да биде најдобар стрелец во топ 5 лигите заедно со Карим Бензема од Реал Мадрид.

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас повторно доби дваесетина минути од страна на тренерот Лучано Спалети, кој имаше старт каков што никој не очекуваше на стадионот „Диего Марадона“.

Осимен ги „начна“ Каљари уште во 11. минута од мечот, по што капитенот Лоренцо Инсиње во 57. минута од пенал ги постави конечните 2:0. Наполи сега има 18 поени на врвот на табелата, пред Милан со 16 и Интер со 14.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top