Виктор Осимхен и официјално е нов играч на Наполи, потврди претседателот на клубот, Аурелио де Лаурентис, потпишувајќи петгодишен договор со клубот од „Сан Паоло“.
21-годишниот нигериски напаѓач пристигнува во Серија А од Лил, и станува еден од најскапите африкански фудбалери во историјата, со наводна сума од 60 милиони евра вклучувајќи ги бонусите, а како дел од зделката голманот Орестис Карнезис ќе се пресели во Лил.
Тој исто така е и убедливо најскапиот фудбалер во историјата на Наполи, рекорд кој беше поставен минатото лето кога Ирвинг Лозано дојде од ПСВ Ајндховен за 38 милиони евра.
Осимхен ќе го носи бројот 9 во Наполи, кој досега го имаше Фернандо Љоренте, а неговото пристигнување во Италија беше доста контроверзно, откако тој сред преговори го отпушти својот агент и го замени со друг.
Лил го купи Осимхен од белгискиот Шарлроа минатото лето за 14 милиони евра и тој постигна 18 гола и имаше 6 асистенции во 38 меча за францускиот клуб.
Welcome Victor
? https://t.co/Gmi6FnvO21#WelcomeOsimhen
? #ForzaNapoliSempre pic.twitter.com/miFie1wyoO— Official SSC Napoli (@sscnapoli) July 31, 2020