Top Sport

Оскар демантира дека си оди од Кина, веќе заработи над 100 милиони евра

Поранешниот бразилски репрезентативец, Оскар ги демантираше шпекулациите дека е подготвен да си замине од Шангај порт за враќање во својата татковина. Ексфудбалерот на Челси се вратил во Бразил по првиот дел од Кинескт Суперлиг во јули, по што бразилските медиуми објавија дека ќе направи трансфер во Фламенго.

Оскар, кој заработуваше по 500.000 евра неделно, беше едно од најголемите имиња во кинескиот фудбал, и досега има заработено над 100 милиони евра само од плати.

„Од почетокот на 2022 имав лични и семејни проблеми и неодамна се вратив во Бразил за да бидам со семејството. Но, додека сум тука ќе работам на физичката подготвеност со локалните клубови и останувам член на Шангај порт, Моето срце е со тимот и ќе навивам за него додека не се вратам“, вели Оскар.

Scroll to Top