Top Sport

Второто деби на Луис Суарез за Насионал заврши со пораз

Луис Суарез доби прекрасно добредојде од навивачите откако влезе во игра за по вторпат да дебитира за својот уругвајски клуб, Насионал по неочекуваниот летен трансфер.

35-годишниот поранешен фудбалер на Ливерпул и Барселона, се врати во својот поранешен клуб по крајот на договорот со Атлетико Мадрид, со цел да остане во форма пред Светското првенство, но немаше победнички камбек откако клубот од Монтевидео доживеа домашен пораз од 0:1 од бразилскиот Атлетико Гојаненсе во првиот меч од четврт-финалето на Копа Судамерикана. Луиз Фернандо го постигна единствениот гол на мечот во 23. минута, додека најдобрата шанса Насионал ја минаа во финишот на мечот, кога Суарез му асистираше на Хуан Игнасио Рамирез, кој ја погоди пречката.

Суарез претходно играше за Насионал во 2005/06, пред да ја направи преселбата во Европа со тимот на Ајакс.

Scroll to Top