Top Sport

Оскар потврди дека преговара со Барселона

Бразилецот Оскар, кој беше еден од првите професионални фудбалери кои заминаа на печалба во Кина уште во 2017 година со трансфер од Челси , потврди дека има преговори со Барселона за можно враќање во европскиот фудбал.

30-годишниот Оскар, кој има 48 настапи за бразилската репрезентација, остана во Шангај СИПГ со богат договор додека други фудбалски ѕвезди се вратија од Кина, но сега вели дека е можно да се врати на европскиот фудбал.

„Да, има интерес од Барселона, тие контактираа со мојот агент, бидејќи знаат дека фудбалот во Кина е на пауза до март. Можеби ќе има нешто, иако Барселона поминува низ тешко време. Тие имаат проблем со регистрирањето на нови засилувања и тоа ќе мора да го средат со мојот клуб. Сличен проблем имаше и Дани Алвеш. За мене тоа би било голема шанса, но и за Барселона бидејќи мислам дека сум во одлична форма“, вели Оскар.

Бразилецот има неверојатна плата од над 600.000 евра неделно во Кина и знае дека за трансфер во Шпанија ќе мора да добие намалување на платата.

„Свесен сум дека морам да се откажам од нешто. Можеби на позајмица со која би бил платен помалку, слично како Алвеш, за само шест месеци. Би бил подготвен на тоа“, додава Бразилецот.

Scroll to Top