Top Sport

Килде победник на легендарниот спуст во Кицбил

Норвешкиот ас Александер Омод Килде забележа нова брзинска победа во Светскиот куп, со доминантен триумф на спустот на легендарната патека Штрајф во Кицбил, Австрија.

Ова беше шеста победа во 12 брзински трки оваа сезона и трета во спуст и сега е лидер и во супер-џи и во спуст. Тој го совлада Французинот Жоан Кларе за 0.42 секунди, додека изненадувачки на подиумот беше неговиот сонародник Блез Гезенданер со 0.63 секунди послабо време, иако стартуваше како 43-ти.

„Не знаев дека можам да бидам толку брз во Кицбил. Поубаво е да се има публика на вакви трки, но Кицбил е Кицбил и горд сум на успехот“, изјави Килде, кој претходно имаше само едно шесто место на легендарната австриска патека.

Поради коронавирусот, на трибините имаше само 1.000 гледачи, иако вообичаено оваа трка се вози пред 40-тина илјади фанови.

Швајцарецот Марко Одермат беше петти за да остане лидер во генерален пласман со 335 поени предност пред Килде.

Scroll to Top