Фудбалерите на Јувентус со уште една минимална победа го прескокнаа Милан на втората позиција на табелата, во Серија А. Во рамките на 17.коло, Јувентус го победи Удинезе со 1:0.
Натпреварот во Торино го реши Данило во 86.минута. На голот му претходеше извонредното додавање од Паредес до Кијеза, кој потоа му асиситираше на Бразилецот.
Удинезе беа рамнправен противник. Упатија 13 удари кон голот на Шчесни, три од нив одеа во голот. Односот на ударите на фудбалерите на Јувентус беше 11/4.
Илија Несторовски настапи од 87.минута, кога влезе на теренот на местото на Валас.
Јувентус со овој триумф ја продолжија неверојатната серија. Тимот на Алегри на последните осум натпревари има исто толку победи, Во оваа серија голманот Шчесни не ебеше ниту еднаш совладан.