Еден од најмоќните луѓе во фудбалот, газдата на Јувентус, Андреа Ањели, рекол дека во моментот кога шестте англиски екипи ја напуштија Суперлигата не е возможно да започне ова натпреварување.
Дванаесет европски клубови, во неделата, најавија дека ја напуштаат УЕФА. Тие основаа свое натпреварување, кое го нарекоа европска Суперлига. По жестоките критиките, на кои беа изложени, 48 часа подоцна, англиските тимови се повлекоа од проектот.
„Да бидам искрен и објективен, одговорот е не. Очигледно дека тоа не е можно во овој момент“, изјавил за Ројерс, Ањели, одговарајќи на прашањето дали е возможно да започне Суперлигата и покрај откажувањето на Англичаните.
Ањели дополнил дека и понатаму верува дека на европскиот фудбал му е потребна промена и дека не кае поради начинот на кој клубовите сакаат да се отцепат.
„И понатаму сум убеден во убавината на тој проект. Сепак, мислам дека проектот повеќе не е актуелен“, заклучил газдата на Јувентус.