Top Sport

Оспина го честеше Лацио (Видео)

Фудбалерите на Лацио ја продолжија неверојатната победничка низа во Серија А. На прославата на 120 роденден на клубот, Лацио го победи Наполи со 1:0 и ја забележа десеттата победа по ред во првенството.

Навивачите на лацио приредија спектакуларна кореографија на почетокот на мечот и тоа беше еднственото што вреди да се забележи во првиот дел, во кој двата тима имаа по две полу-шанси.

Многу подобра фудбал се играше во вториот дел, а Наполи беше поблиску до водство. Зјелински во 67 минута го погоди дирекот, а десет минути подоцна Страхоша го одбрани ударот на Инсиње.

Во 82 минута се случи решавачкиот момент. Голманот на Наполи Оспина непотребно влезе во дриблинг Имобиле му ја одзеде топката и од тешка позиција со помош на Ди Лоренцо ја смести во голот.

Scroll to Top