Top Sport

Фирмино ги казни промашувањата на Тотенхем (Видео)

Фудбалерите на Ливерпул го победија Тотенхем со 1:0 на гостувањето во Лондон, во рамките на 22 рунда во Премиер лигата. Ливерпул по 22 кола остна непоразен со само едно реми во досегашниот тек од првенството.

Тотенхем не ја искористи предноста на домашниот терен, ниту неколку чисти шанси во второто полувреме во кое според играта заслужија најмалк еден бод.

Дуелот започна во жесток ритам, со три големи шанси во првите пет минути. Ливерпул можеше да стигне до предност најпрвин преку Фирмино, а потоа и преку Окслејд-Чембрлен, а нините промашување не успеа да ги казни Лукас Моура.

Нова шанса Ливерпул имаше во 23 минута но обидот на ван Дајк беше непрецизен. Мане пропушти добра шанса во 36 минута, а во наредниот напад Фирминот го отвори резултатот.

Тотенхем тргана офанзивно во вториот дел Орие и Моура имаа шанси но не беа прецизни. Голема шанса промаши Сон во 74 минута кога од десет метри шутираше над голот.

Сепак шансата на мечот ја имаше Ло Селсо кога од пет метри ја испрати топката крај левиот дирек.

Scroll to Top