Фудбалерите на Наполи против Јувентус ќе се борат за трофејот во Купот на Италија. Вечерва Наполи и Интер во полу-финалниот реванш одиграа 1:1. Наполитанците одат во финалето благодарение на победата во првиот меч (1:0).
Реваншот започна перфектно за Интер. Кристијан Ериксен ја анулира предноста на Наполи по само три минути игра. Данскиот репрезентативец постигна гол директно од корнер. Голманот на Наполи Давид Оспина лошо реагираше, не го процени добро летото на топката, а таа мина низ неговите нозе и заврши во голот.
По постигнатиот гол фудбалерите на Интер пропуштија две добри шанси да го нокаутираат противникот. Виновникот за голот на Интер голманот Оспина на волжебен нашин ги одбрани ударите на Лукаку и Кандрева.
Оспина покрај тоа беше и зачетник на убиствениот контра-напад по кој Наполи го израмни резултатот.
Колумбискиот голман со едно додавање во контра го исфрли Инсиње, капитенот на Наполи го издржа дуелот со Ериксен и Јанг, потоа го проигра Мертнес на кого не му беше тешко да го совлада Хандановиќ.
Белгиецот Мертенс го постигнаа 122 гол во кариерата за Наполи со што стана најдобар стрелец во историјата на клубот од „Сан Паоло“.
Второто полувреме не донесе возбудвања какви шти имаше во првото. Наполи сеобидуваше да ги затвори приодите кон својот гол, а Интер не успеваше да воспостави доминација на теренот.
Интер и во вториот дел имае две добри шанси, Алексис Санчез биеше крај голот, додека Оспина со уште една брлијантна интервенција го спречи Ериксен да го постигне својот втор гол.
Макеоднскиот репрезентативец Елмаз на теренот беше до 65 минута кога на неговото место влезе Шпанецот Фабијан Руиз.
Финалниот натпревар во Купот на Италија ќе се одигра во среда на 17 јуни, во Рим.